27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФолксваген планира продажба на 10 милиони возила во 2014-та

Фолксваген планира продажба на 10 милиони возила во 2014-та

folksvagen113

Германската автомобилска компанија „Фолксваген“ планира во 2014-та година, по четири последователни години на раст на продажбата, да ја надмине границата од 10 милиони продадени возила.

Гигантот на германската авто-индустрија, кој обединува 12 познати марки, меѓу кои се „Ауди“, „Сеат“, „Порше“, „Сканија“ и „Ламбурџини“, минатата година продаде 9.7 милиони автомобили.

Во првите два месеци од 2014-та година, продажбата на возилата на оваа групација беше зголемена на годишно ниво за 3.3 проценти.

Во јануари беа продадени повеќе од пола милиони автомобили, додека во февруари оваа бројка изнесуваше 407.600 единици. Вкупната продажба во овие два месеци достигна 923.100 возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП