28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТелефоните Ubuntu ќе се продаваат помеѓу 200 и 400 долари

Телефоните Ubuntu ќе се продаваат помеѓу 200 и 400 долари

ubuntu touch 02

Главниот Извршен директор на „Canonical“, Марк Шутлеворт, објави дека нивните паметни телефони „Ubuntu Touch“ ќе се продаваат по цени кои ќе се движат помеѓу 200 и 400 долари.

Значи, телефоните ќе бидат сместени во средната и високата категорија на паметни телефони. Од „Canonical“ ги одбраа овие категории така што на корисниците ќе им обезбедат уреди кои истовремено имаат функции на паметен телефон, но и на персонален компјутер кој може да се приклучи на надворешен монитор, па затоа е неопходно да се обезбеди посилен хардвер кој спаѓа во горенаведената ценовна граница.

Потсетуваме, „Canonical“ во партнерство со кинеската компанија „Meizu“ и шпанската „BQ“ има во план оваа есен конечно да ги претстави своите паметни телефони „Ubuntu Touch“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП