27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНова музичка услуга за смартфоните на „Самсунг“

Нова музичка услуга за смартфоните на „Самсунг“

milk

Јужнокорејската компанија „Самсунг“ претстави нова бесплатна музичка услуга за своите смартфони, која е многу понапредна од постоечките на пазарот.

Компанијата тврди дека услугата „Милк Мјузик“ вклучува 200 станици и 13 милиони песни.

Многу е брза, лесна за користење и прилагодлива за корисникот.

Апликацијата на „Самсунг“ добила тркало кое потсетува на старинско радио. Корисниците можат со негова помош да менуваат станици за да го пронајдат тоа што им се допаѓа.

Омилените станици можат да се зачуваат во секцијата „My Stations“ додека песните можат да се означат како омилени, а оние кои не му се допаѓаат на корисникот можат да се обележат и повеќе да не се појавуваат.

Она што ќе им се допадне на корисниците е што апликацијата не содржи реклами и е целосно бесплатна.

Апликацијата може да се преземе од Гугл Плеј, а компатибилна е со смартфоните „галакси“ на „Самсунг“, но не и со апаратите на останатите производители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП