3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовиот iPhone би можел да чини 100 долари повеќе!?

Новиот iPhone би можел да чини 100 долари повеќе!?

safir iphone

Со години наназад, особено во ова време на годината, пристигнуваат многу шпекулации во врска со идните „iPhone“ телефони, кои во повеќето случаи се покажаа како неточни.

Сепак, количината на шпекулации во овој случај е толку голема, па на крајот овие информации би можеле да излезат како точни. Претходно се велеше дека „Apple“ оваа година ќе претстави два нови телефони, но дека овој пат ќе бидат повеќе иновативни, иако станува збор за големината на екранот. Се верува дека „Apple“ ќе претстави телефон со дијагонала од 4.7 инчи и фаблет со екран од 5.7 ични, но и дека цената ќе порасне за 100 долари.

Ова се однесува за цената со договор, што е начин на кој во Америка најчесто ги купуваат телефоните. Сега почетната цена за „iPhone“ е 199 долари, а се верува дека најмалата ќе биде 299 долари. Меѓутоа, тука остануваат многу неодговорени прашања, дали идниот „iPhone“ ќе има почетен капацитет од 32GB и на некој начин да ја оправда поголемата цена, а можеби поголемата цена ќе се однесува само за фаблетот, за кој се уште нема доволно докази дали воопшто ќе се појави на пазарот.

Тоа во што се согласуваат аналитичарите е дека цената нема премногу негативно да влијае на купувачите на „Apple“ телефони. Доколку цената навистина биде поголема, тоа значи дека и на моделите со поголема меморија дополнително ќе им биде зголемена цената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП