19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFlappy Bird се враќа на мобилните платформи?

Flappy Bird се враќа на мобилните платформи?

flappy birds22

„Flappy Bird“ е премногу тешка, но истовремено и игра која создава зависност. Некое време беше достапна за мобилните платформи, но нејзиниот креатор пред еден месец одлучи да ја повлече од употреба.

Судејќи според се, Донг Нгуен од Виетнам неможеше да се справи со товарот на славата. Откако играта стана премногу популарна, неговиот „едноставен живот“ бил уништен, а куќата на родителите во која живеел постојано била опкружена со фотографи и новинари. Тој изјавил дека неговата желба не била да создаде зависност која се појавила кај некои луѓе, туку играта требала да послужи како забава. Признал дека и самиот бил донекаде зависен од „Counter Strike“, па затоа знаел за што зборува.

Сепак, тој ја разгледува можноста за враќање на играта, но со предупредување до играчите редовно да прават паузи. Колку играта е заразна и дали тврдењата за зависност навистина се претерани, секој може да испроба со оглед дека постојат стотина клонови на играта.

Инаку само за потсетување, „Flappy Bird“ пред да биде повлечена од мобилните платформи на Нгуен дневно му носеше заработка од 50.000 долари од рекламирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП