20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЦената на златото се искачи на шестмесечниот максимум

Цената на златото се искачи на шестмесечниот максимум

goldy

Цената на златото се искачи на шестмесечниот максимум, додека пак бакарот падна на најниското ниво од јули 2010-тата.

На Њујоршката берза, цената на златото за испорака во април се искачи на 1.364,40 долари за унца.

Најверојатно поддршка ќе најде на 1.327,50 долари за унца, дното од 10-ти март и отпор на 1.366,50, кој е врв од 20-ти септември.

Среброто за испорака во мај се зголеми на 20.98 долари за унца, а поддршката најверојатно ќе ја најде на 20.67 долари и отпор на 31.32 долари за унца.

Инвеститорите продолжуваат да ја следат состојбата во Украина, каде постои неизвесност околу следните потези на Русија во Кримскиот регион.

Привремениот украински премиер Арсениј Јацењук отпатува за САД каде ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама, како би се продолжило со дипломатското решавање на кризата.

По вчерашниот голем пад, цената на бакарот и во текот на денешното тргување продолжи да слабее и се спушти на 2.94 долари за унца.

 

 Адмирал Маркетс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП