3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИнтернет наполни 25 години (видео)

Интернет наполни 25 години (видео)

Internet concept

На 12-ти март 1989-та година Тим Бернерс-Ли го поднел во „CERN“ својот предлог за изградба на светска мрежа, во која ќе се поврзат многу компјутери и сервери.

„Иако „CERN“ не се занимаваше со софтвер, мојот шеф Мајк Сенди ми овозможи да работам на проектот во слободното време. Во 1990-та година го направив и првиот прелистувач, а во 1993-та година по многу апели, „CERN“ објави дека технологијата на „World Wide Web“ ќе биде достапна за сите, бесплатно и засекогаш“, коментира креаторот на мрежата Тим Бернерс-Ли.

„Сега околу 40% од луѓето се поврзани со интернет. Светската мрежа генерира трилиони долари економска вредност и го преобразува образованието и здравството, создава нови движења за демократија и тоа е само почеток“, коментира креаторот на интернетот.

Бернерс-Ли повикува интернетот да остане за сите. Тој вели дека му е потребна помош при идниот развој на мрежата и за свртување на вниманието кон важните проблеми.

„Ве повикувам да се придружите и да помогнете да ги смислиме и изградиме идните стандарди на мрежата и да побараме од секоја земја да развие закон за права на луѓето на интернет, со кој се гарантира дека на интернет ќе е слободен и отворен за сите“, вели тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП