26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТрансформацијата на Формула 1 (видео)

Трансформацијата на Формула 1 (видео)

red bull bolid231

Тимот на Ред Бул објави многу детална анимација во која шампионот Себастијан Фетел и неговиот нов тимски колега Даниел Рикиардо објаснуваат во што точно се изразуваат промените во правилникот за сезоната 2014-та.

Можеме да видиме како нивниот победнички автомобил за 2013-та се трансформира во турбо болид и гледаме всушност колку различни ќе се трките во оваа сезона.

Досега, ова е дефинитивно едно од најдобрите видеа на оваа тема. На почетокот го гледаме болидот кој е расклопен на илјадници делови, расфрлани околу Даниел, кои постепено си доаѓаат на местата и се претвораат во „RB10“.

На моменти колата станува транспарентна и гледаме што всушност се крие под нејзината шасија – нов мотор , менувач , „ЕРС“, нос , предно крило и задно крило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП