
Додека во светот се дискутира што претстои да ни донесат водечките производители на паметни телефони, кинеската компанија „Goophone“ веќе создава копии.


Додека во светот се дискутира што претстои да ни донесат водечките производители на паметни телефони, кинеската компанија „Goophone“ веќе создава копии.

Оваа копија е на „Samsung Galaxy 5S“. Како што се гледа на сликата, малку се разликува од оригиналот, дури и по релјефниот заден панел. Најинтересно е дека за разлика од многу кинески фалсификати, „Goophone 5S“ има доста модерен хардвер: „quad-core“ процесор со фреквенција од 2 гигахерци, 2 гигабајти RAM меморија и дури 13 – мегапикселна камера. Екранот е од пет инчи со „Full HD“, како кај „големиот брат“. Оперативниот систем е „Android 4.4.2“. Но скенер за отпечатоци и сензор за пулсот, се разбира, нема. Нормално, вистинскиот апарат е помоќен, но Кинезите сакаат за својот производ не 800, туку триста долари.

„Goophone M8“ е копија на необјавениот „HTC M8“. Очигледно е дека Кинезите го направија смартфонот врз основа на објавеното видео. Карактеристиките се речиси слични со „Goophone S5“, освен меморијата која е помала и има послаб процесор. Цената е 229 долари.

И конечно, „Goophone i5S“. Како што можете да претпоставите од името, овој уред е копија на „iPhone 5S“. Како и сите претходни реплики, очигледно „лажниот iPhone“ не е многу различен од вистинскиот. Тој работи, се разбира, не на „IOS“, туку на „Android 4.2.2“, но така што изгледа речиси како „IOS 7“. Додадени се нови апликации и пристап до „Google Play“. Клонот е значително послаб од оригиналот, очигледно Кинезите што побрзо да започнат да го продаваат својот производ, решиле да не губат многу време во техничкиот дел. Скенер за отпечатоци нема, иако и копчето изгледа така како да има. Цената на смартфонот, сепак е само 160 долари.