Кинеската компанија „ZTE“ во наредните неколку месеци има во план да претстави неколку смартфони, а еден од нив е и „ZTE Grand S EXT“.
Официјалното претставување на овој паметен телефон би требало да се случи наскоро, а пред да ги дознаеме деталите за него имаме можност да видиме како ќе изгледа.
Како што може да се види на сликата, станува збор за модел кој има закривен заден дел, т.е. би требало добро да се прилагоди при држењето во рака. Покрај тоа во описот на овој телефон се говори дека тоа ќе биде првиот уред во 2014-та година кој ќе има „Nano Molding Technology“ (NMT), комбинација на пластика и метал.
Во исто време, „ZTE Grand S EXT“ би требало да пристигне со „smart dock“, кој на корисниците ќе им овозможи бежично полнење.