17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДостапен е iOS 7.1

Достапен е iOS 7.1

apple-ios-7.1

Достапна е првата голема надоградба на „iOS 7“ која носи нова функционалност, надградби и промени на оперативниот систем. Исто така, „iOS 7.1“ го подобри и проблемот на случајни рестартирања на уредот.

Еден од новитетите е и „CarPlay“ кој служи за поврзување на мултимедијалниот систем во автомобилите. На овој начин преку интерфејсот на автомобилот можно е да се пристапи до функционалноста на уредот „iPhone“, како што се телефонирање, музика, мапи, пораки и слично. Исто така, подобрување доби и „Siri“ – со престанокот на притискање на копчето на системот, сега веднаш започнува со извршување на командите.

Oд визуелните промени се истакнува новиот дизајн на интерфејсот за одговарање на повик и за гасење на уредот, а промени доживеаа и апликациите за музика, камера и календар, т.е. центарот за нотификација. Покрај тоа, подобрена е и работата на сензорот „Touch ID“ кој времено ја губеше точноста на отчитување на отпечатокот на прстите.

Како што веќе стана традиција, „Apple“ најверојатно ја осигура и брзата работа на новиот „OS“ на старите уреди, па така „iPhone 4“ нa „iOS 7.1“ би требало да има подобри перформанси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП