2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFacebook воведува промени на страниците за брендови

Facebook воведува промени на страниците за брендови

fb brendovi

Откако неодамна најави промена на дизајнот на „news feed“, „Facebook“ денеска објави дека во текот на оваа недела ќе започне да воведува и нов изглед за страниците за брендови и компании, односно страниците кои корисниците ги „лајкуваат“.

Новиот дизајн би требало да им овозможи на корисниците, т.н. „фановите“ полесно да ги пронајдат посакуваните информации, додека администраторите на страниците ќе имат полесен пристап до алатките кои најчесто ги користат.

Главната промена е таа што објавите на страните ќе бидат во една колона, слично како кај приватните профили, додека на левата страна ќе се наоѓаат информации за самата страница, односно брендот, вклучувајќи го работното време, податоците за контакт, интернет страната и локацијата.

Промени има и за администраторите кои сега на десната страна би требало да имаат видливи информации за актуелните објави, новите фанови и известувања, без оглед каде и да се наоѓаат на страницата.

Исто така, на врвот на страната ќе бидат додадени нови навигациски опции, кои ќе го олеснат пристапот за анализирање и поставување.

Една од новините е опцијата „Pages to Watch“ која на администраторите им овозможува креирање на листа на страниции слични на нивните, се со цел да можат полесно да ја следат нивната изведба и успоредување на основните статистики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП