3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Спритз“ апликација за брзо читање

„Спритз“ апликација за брзо читање

sprotz

Најновата апликација „Спритз“ има задача да ја зголеми брзината на читање текст на екраните на мобилните уреди.

Системот развиен од истоимената компанија од Бостон за разлика од останатите методи за брзо читање, користи технологија што е единствена и може да се научи за пет минути.

Апликацијата функционира на начин така што на екранот на мобилниот уред го прикажува текстот збор по збор, на простор од само 13 карактери.

Тоа овозможува брзо менување на зборовите бидејќи го поништува времето потребно корисникот да ги движи очите над текстот.

При класично читање на движењето на очите отпаѓа околу 80 отсто од времето во однос на 20 проценти потребни за процесирање на прочитаниот текст.

Додека очите се фокусирани на мал простор од екранот, зборовите се менуваат со брзина од 250 до дури 1.000 зборови во минута, при што текстот ќе биде прочитан со разбирање.

Ова претставува голем чекор напред доколку се знае дека просечната брзина на читање на текст е околу 220 зборови во минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП