7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony и Panasonic развиваат Archival дискови

Sony и Panasonic развиваат Archival дискови

diskovi 24

За да се овозможи долготрајно чување на податоци на дисковите, компаниите „Sony“ и „Panasonic“ работат на нов формат наречен „Archival Disc“ кој ќе може да чува податоци од 300 гигабајти до 1 терабајт. Моментално се работи на развивање на технологијата која ќе го подобри нивото на издржливост на температура и влажност.

Ветена е и меѓугенерациска компатибилност помеѓу различни формати. Иако работата на овој проект започна во јули минатата година, првиот диск од 300 гигабајти најверојатно ќе го видиме во летото 2015-та година.

Капацитетот на овие дискови со текот на времето ќе се зголемува, како технологијата ќе напреднува и на крајот ќе ја достигне големината од еден терабајт. Дисковите „Archival“ на крајот сигурно ќе ги заменат „Blu-Ray“ кои моментално имаат најголем капацитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП