28 април, 2024

Паметна чешма

pametna-cesma1

Чешмата од која само течеше вода е дел од минатото…

„iHouse SmartFaucet“ е доволно паметна автоматски да ја прилагоди водата и температурата. Ова инаку е првата чешма во светот која е поврзана со интернет. Кога веќе може да се купат фрижидери, тостери, рерни и машини за миење садови кои се поврзани со интернет, зошто тогаш чешмата да биде исклучок?

pametna-cesma

„SmartFaucet“ е чешма направена со технологија за препознавање на ликот, која автоматски ја прилагодува температурата и притисокот на водата по желба на домаќинот, врз основа на неговиот кориснички профил. Оваа иновативна чешма има интерно јадро со кое бргу се грее водата и „LED“ осветлување кое ја менува бојата врз основа на температурата на водата.

Таа исто така има „touchscreen“ на кој може да проверите „e-mail“, личниот календар и временските услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП