2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИБројот на мобилни претплатнички договори изнесува 6,7 милијарди

Бројот на мобилни претплатнички договори изнесува 6,7 милијарди

people on the phone-saidaonline

Според новите податоци на „Mobility Report“ студијата на компанијата „Ericsson“, бројот на претплатичките договори изнесува 6,7 милијарди. Оваа анализа покажа дека и бројот на претплатнички договори за мобилниот „broadband“ се зголемил на 2,1 милијарди, што е раст од 40 проценти во однос на 2012-та.

Исто така во четвртиот квартал од 2013-та година, забележан е пораст во доменот на „LTE“ претплатата, па така на крајот на минатата година се забележани 200 милиони „LTE“ претплатнички договори.

dogovori mobilni

Глобалниот мобилен „broadband“ сообраќај во последната година порасна за 70 проценти и достигна два петрабајти, додека говорниот сообраќај остана на истото ниво.

Во 2013-та година продадени се околу милијарда паметни телефони, а само во четвртиот квартал смартфоните претставуваат 60 проценти од сите продадени мобилни телефони во тој период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП