6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠkoda ќе „лови“ побогати купувачи

Škoda ќе „лови“ побогати купувачи

skoda noviteti

Извршниот директор на чешкиот производител на автомобили, Винфрид Валанд, најави дека „Škoda“ во иднина ќе стане полуксузен бренд, а со квалитетот и дополнителните содржини ќе се обиде да ги привлече побогатите купувачи.

Изјавата на првиот човек на „Škodа“ претставува потврда дека „Volkswagen“ полека ја менува бизнис стратегијата кога станува збор за возилата на чешката марка.

Моделите на овој производител во почетокот важеа за нискобуџетни верзии на автомобилите на „Volkswagen“, но со текот на времето стануваа поквалитетни, подобро опремени и поскапи од претходно. Сепак, цените на моделите на „Škodа“ и натаму се пониски од соодветните возила на „Volkswagen“.

На саемот за автомобили во Женева, Валанд рече дека идните модели на „Škodа“ ќе бидат ориентирани кон „побогатите купувачи“, што во превод би требало да значи дека јазот меѓу цената на возилата на „Volskwagen“ и „Škodа“, дополнително ќе се намали.

Едно од можните објаснувања поради кои „Volkswagen“ ја размести „Škodа“ внатре во својата групација е најавата за лансирање на пазарот на нова евтина авто-марка која германскиот производител ја планира веќе неколку години. Во тој случај, новиот нискобуџетен бренд би ја заземал пазарната позиција која со години наназад ја држеше „Škoda“.

Инаку, „Škoda“ во последните неколку години стана еден од најуспешните брендови на групацијата „Volkswagen“. Покрај благиот пад во продажбата од 2 проценти во 2013-та година, чешкиот производител на купувачите им испорача 921.000 автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП