10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo во Женева

Volvo во Женева

volvo zeneva

„Volvo“ на саемот во Женева го претстави третиот претставник од серијата концептни автомобили – „Concept Estate“. Во компанијата велат дека „Estate“ дополнително ќе го нагласи дизајнерскиот јазик на „Volvo“, но истовремено го прикажува и изгледот и функционалноста на ентериерот на идните модели на „Volvo“.

Овој концепт ни претставува нов пристап во организацијата на командите во ентериерот. Традиционалните прекинувачи и контроли се заменети со голем контролен панел во централната конзола, односно голем екран кој е чувствителен на допир, исто како кај таблетите.

volvo zeneva1

Инаку концептите на „Volvo“ постигнаа неколку успеси на саемите кои се одржуваа пред женевскиот.

„Concept Coupé“ e именуван за најдобар автомобил на саемот во Франкфурт, додека „Concept XC Coupé“ ја освои престижната награда „Eyes ON Design“ во Детроит. Глобалното внимание кон концептните возила на „Volvo“ е се поголем, со оглед на тоа дека тие ја најавуваат доглоочекуваната нова генерација на „SUV“ моделот „XC90“ кој ќе пристигне во 2014-та година.

volvo zeneva2

Новите „Volvo Drive-E“ мотори засега се достапни во моделите „V40“ и „V40 Cross Country“. Понудата во почетокот вклучува два мотори од „Drive-E“ серијата, а тие се четирилитарски агрегати – „T5“ турбобензинец со 245 KS и „D4“ турбодизел од 190 KS.

Од мај 2014-та година, сите нови модели на „Volvo“, освен моделот „XC90“, ќе бидат достапни со новата серија на мотори на компанијата.

volvo zeneva3

Oд останатите премиери во Женева, тука се и „Volvo V70“ и „XC70 Edition“ и петата генерација на моделот „Volvo Ocean Race Edition“. Пакетот „Volvo Ocean Race“ е инспириран од светот на едрењето, а е достапен во моделите „V60“, „V40“, „V40 Cross Country“ и „XC60“, а подразбира посебни бои, тркала и детали во ентериерот.

Моделите „V70“ и „XC70 Edition“ се наменети за купувачи кои сакаат динамичен изглед и возни особини со посебни дизајнерски детали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП