6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот Android таблет на НР

Новиот Android таблет на НР

hp_8

„HP“ додаде уште еден „Android“ таблет во својата линија на производи. Поточно, станува збор за минатогодишниот модел кој е лансиран во Кина, а сега под друго име ќе се појави и на другите пазари.

„HP 8 1401“ има екран од 7,85 инчи, процесор „Allwinner A31s ARM Cortex-A9 quad-core“, 1GB RAM, 16GB интегрирана меморија и батерија од 3800mAh која нуди до седум часа работа.

На задниот дел на таблетот се наоѓа камера од 2MP, додека на предната страна е сместена „VGA“ камера.

Инаку овој уред работи на оперативниот систем „Android“ во верзијата „4.2.2 Jelly Bean“. Со оглед на тоа дека спецификациите на таблетот се скромни, цената на уредот е соодветна, затоа што чини 170 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП