26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar со Бекам ќе го освојува кинескиот пазар

Jaguar со Бекам ќе го освојува кинескиот пазар

jaguar-beckham-quer_article_landscape

„Jaguar Land Rover“ е доста популарно име во Кина, но не толку популарно како Дејвид Бекам. Британскиот производител на луксузни автомобили потпиша договор со поранешниот капитен на англиската репрезентација.

Тој ќе биде амбасадор на брендот „Jaguar“ во оваа земја и со него ќе се обидат да го задржат сериозниот раст во продажбата на најголемиот пазар на автомобили во светот.

Кина ја надмина Велика Британија и со тоа стана водечки пазар за „Jaguar Land Rover“ во минатата година, откако компанијата го зголеми присуството во земјата, се со цел да се натпреварува со „BMW“, „Audi“ и „Mercedes- Benz“, кои се најпопуларните марки луксузни автомобили меѓу кинеските богаташи.

„За мене е чест да поддржувам бренд со такво неверојатно наследство и со нетрпение очекувам да бидам дел од возбудливата иднина на „Jaguar“ во Кина“, изјавил Бекам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП