6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC официјално го претстави Desire 310

HTC официјално го претстави Desire 310

310 htc desire

„HTC Desire 310“ e новиот смартфон на компанијата кој е наменет за клиентите кои немаат толку големи побарувања. Уредот е заснован на „Android 4.2“, а како и напредните модели нуди „BlinkFeed“.

„Desire 310“ има 4.5 инчен екран со резолуција која изнесува 854 x 480 пиксели, а процесорот e со работен такт од 1,3 GHz и има четири јадра. Вграден е 1 GB RAM и 4 GB интерна меморија, но која може да се прошири со „microSD“ мемориските картички. Задната камера има резолуција од пет мегапиксели, а овој уред користи батерија од 2.000 mAh.

Овој смартфон компанијата го претстави вчера, но денеска беше објавен и датумот за старт на продажбата, како и европската цена, која нас најмногу не интересира. Имено, овој „dual-SIM“ смартфон ќе започне да се продава во Германија, Холандија, Швајцарија и Австрија од 10-ти април по цена од 160 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП