26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВака изгледа редизајнираниот Nissan Juke (фото)

Вака изгледа редизајнираниот Nissan Juke (фото)

juke nissan 1

На саемот во Женева премиера имаше и редизајнираниот „Nissan Juke“.

Промените кои јапонскиот производител ги направи на својот најмал кросовер модел, значително не го промени неговиот изглед. Горниот сегмент на фарови е редизајниран во стилот на „Nissan 370Z“, а за подобра осветленост на патот вградени се и ксенонски сијалици.

Дискретен редизајн претрпе и маската на ладилникот, како и предниот браник, а надворешните ретровизори се збогатени со „LED“ покажувачи на правецот.

juke nissan 2

Исто така се редизајнирани и стоп-светлата кои добија „LED“ технологија, а нова форма доби и задниот браник. Во понудата сега е и стаклен покрив, нови алуминиумски бандажи и нови бои на каросеријата, како и проширена програма за пресонализација по желба на купувачот.

Верзијата со преден погон сега има поголем капацитет на багажникот кој изнесува 354 литри.

juke nissan 3

До промена дојде и на планот на моторизација. Постоечкиот 1.6 литарски бензинец со 117ks е заменет со 1.2 литарска „DIG-T“ единица со турбо полнење која произведува 115ks (85 kW) со максимален вртежен момент од 190 Nm.

Моторот може да биде поврзан со шестбрзински мануелен или новиот „CVT Xtronic“ менувач со променлив систем за пренос. Во понудата се верзии со погон на предните и сите четири тркала.

Од „Nissan“ велат дека „Juke“ зa 2014-та година ќе пристигне во продажните салони во текот на летото.

juke nissan 4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП