5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple има преку три милиони непродадени iPhone 5C уреди

Apple има преку три милиони непродадени iPhone 5C уреди

iphone5c-header

Тоа што веќе подолго време беше познато, сега и официјално е потврдено, дека „Apple“ во своите магацини има преку три милиони непродадени смартфони од моделот „iPhone 5C“.

Од нив, два милиони единици се наоѓаат во Пегатрон, кој го произведува „5С“, а додека остатокот се наоѓаат на полиците во продавниците, каде што чекаат некој да ги купи.

„Apple“ со „iPhone 5C“ не стигна ни близу до цифрата на продадени примероци од моделот „iPhone 5S“, а на ова сигурно не придонесе ни цената која е за 100 долари помалку од водечкиот уред на компанијата.

Според актуелните информации, кои говорат дека следниот „iPhone“ ќе има екран од 4.5 или 4.7 инчи, па дури и 5.5 инчен „Apple“ фаблет, иднината на „iPhone 5C“ воопшто не е светла. Многумина очекуваат „Apple“ што е можно поскоро да се одлучи да ја намали моменталната цена на „iPhone 5C“ и со тоа да ги намали залихите на овој уред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП