10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW очекува да продаде два милиони возила

BMW очекува да продаде два милиони возила

bmw godina

Од „BMW“ сe надеваат дека нивната глобална продажба во 2014-та година ќе надмине два милиони возила. Доколку овие очекувања се остварат, „BMW“ до посакуваниот резултат ќе дојде две години порано од планираното, изјави Извршниот директор на компанијата, Норберт Рајтхофер.

„Многу сме задоволни како ни започна годината. Во 2014-та очекуваме продажбата во светот да надмине два милиони возила, бројка која претходно беше планирана да се оствари во 2016-та“, вели шефот на „BMW“.

Германската автомобилска групација во 2013-та година испорача 1,96 милиони автомобили од марките „BMW“, „MINI“ и „Rolls-Royce“, што претставува раст од 6.4 проценти на годишно ниво.

Рајтохофер додаде дека во „BMW“ очекуваат благ раст на продажбата во западна Европа, но главен двигател на растот ќе бидат пазарите во САД и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП