3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако функционира Apple CarPlay? (видео)

Како функционира Apple CarPlay? (видео)

apple car play sistem

„Volvo“ на саемот во Женева го претстави системот „Apple CarPlay“ со чија помош корисниците можат да го интегрираат уредот кој работи на платформата „iOS“ со идните модели на овој производител.

Покрај премиерите на нови возила, женевскиот саем е место на кое производителите на автомобили ги презентираат и новите технологии кои ќе ги применуваат во своите идни модели.

Една од нив е и „Apple CarPlay“, која „Volvo“ ја прикажа на возилото „Concept Estate“. Системот функционира со помош на 9 инчен екран чувствителен на допир, а кој е поврзан со „iPhone“ уред и овозможува неговите содржини и функции да бидат достапни во текот на возењето.

Погледнете ја демонстрацијата на овој систем:

„Volvo“ e меѓу првите авто-компании кои во своите автомобили ќе го користи „iOS in the Car“ за поврзување со мобилните уреди на „Apple“ и тоа на новата генерација „SUV“ возилото „XC90“.

Првиот сериски модел во кој ќе биде достапен системот „Apple CarPlay“ e „Ferrari FF“, a италијанскиот производител исто така ја претстави оваа технологија на годинешниот саем во Женева:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП