3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајскапите лаптопи во моментов

Најскапите лаптопи во моментов

skap laptop

Во денешно време не можеме без нашиот лаптоп. Секој има различни барања за компјутер, а ако парите не се проблем, можете да уживате во најдоброто.

Еве кои се најскапите лаптопи во моментов:

5. „VoodooEnvy 171“: 6.500 долари.

skap laptop 1

„Voodoo“ е луксузна компјутерска марка од „Hewlett Packard“. Можете да си изберете различна боја која ќе го краси вашиот лаптоп. Од 2012-та година веќе не се произведуваат, па се нешто како реткост.

4. „Ego“ и „Bentley“: 20.000 долари.

skap laptop 2

Моделот е комбинација од соработката на „Ego“ и „Bentley“. Обликуван е со кожа која наликува на внатрешноста на автомобил „Bentley“. Произведени се само 250 парчиња. Неговите рачки се од бело злато.

3. „MacBook Pro 24Karat Gold“: 30.000 долари.

skap laptop 3

Тој е дело на „Computer Choppers“ – компанија која прави нешто како „тјунинг“ на секаква техника – од „iPad“ до смартфони. Тие се специјализирани на производите на „Apple“. Овој „MacBook Pro“ е покриен со 24-каратно злато. Логото на „Apple“ е  од обоени дијаманти. Нормално и овој модел е во ограничен број.

2. „Tulip E – Go Diamond“: 350.000 долари.

skap laptop 4

Во логото на „Tulip“ на две места има големи рубини. Употребено е и чисто злато. Создаден е за дами кои ја сакаат функционалноста на добар лаптоп и возбудата на скапоцени камења.

1. „Luvaglio One Million Dollar Laptop“: 1.000.000 долари.

skap laptop 5

Познат е како најскапиот лаптоп кој може да се купи со пари. Има 17″ „LED“ екран, на кој дефинитивно не би сакале да истурите нешто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП