3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNokia претстави смартфон кој се полни преку танцување (видео)

Nokia претстави смартфон кој се полни преку танцување (видео)

nokia tance

Можете ли да го полните вашиот телефон додека танцувате? „Nokia“ објави клип на „YouTube“, кој го демонстрира токму тоа.

Полначот за телефонот претставува тенка плоча која се става на чевлите. Со нејзина помош батеријата се полни, додека сопственикот на телефонот танцува.

Во видеото е прикажан телефонот – „Nokia 1520“, кој е со батерија од 3400 mAh, сепак тој се полни за само 25 % по половина ден танцување. Може да се претпостави дека уред со помала батерија би се наполнил побрзо.

Од „Nokia“ се уште не соопштуваат дали планираат „танцувачкиот полнач“ да го пуштат во сериско производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП