2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата ŠKODA Octavia Scout : Вистински авантури за семејни патувања и одмор

Новата ŠKODA Octavia Scout : Вистински авантури за семејни патувања и одмор

140210 SKODA Octavia Scout 001

ŠKODA продолжува со својата моделска офанзива. Новата ŠKODA Octavia Scout ја има својата светска премиера на автомобилскиот саем во Женева. Робусно возило за сите патишта со карактеристичен заоблен спортски off-road изглед, иновативен погон на сите тркала, најдобри перформанси на нерамни патишта и висока флексибилност на и надвор од патот.

” Новата ŠKODA Octavia Scout навистина е паметно offroad возило во секој поглед – тие епитети кај Škoda мора да се заслужат”, изјави д-р Френк Велш, член на одборот на директори за технички развој. ” Нашиот нов модел е Scout (извидник) во најдобрата смисла и им нуди на клиентите единствен пакет, кој се состои од впечатливи off-road елементи, импресивни карактеристики на погонот на сите тркалата, многу простор, безбедност, удобност и нови технологии на моторите. Новата Octavia Scout поставува нови стандарди во сегментот на кросовер возила.”

Новата ŠKODA Octavia Scout е направена врз основа на Octavia Combi, а ја карактеризира доминантниот, специфичен изглед. И  предниот и задниот дел изгледаат моќно, со off-road додатоци во црна боја со дополнителни елементи во сребрена боја. Во предниот дел има широки отвори за воздух и светла за магла. Праговите на вратите и лаковите на тркалата исто така се обложени со црни off-road елементи, со дополнителни црни заштитни странични лајсни. Растојанието од подлогата е зголемено за 33 mm во споредба со стандардниот Octavia модел. 17 инчните  алуминиумски тркала доаѓаат како стандард. Во внатрешноста возилото има 3 крак повеќенаменски кожен управувач специјално дизајниран за Octavia Scout.

skoda

Погонот на сите тркала е направен според последниот збор на технологијата , врз основа на Haldex -5 спојката, новите технолошки карактеристики ја прават новата Octavia Scout најдобра досега. Силата за влечење е зголемена за 25 %, до два тона. Покрај тоа, стартните перформанси и како и моќта за искачување на угорнини значително се зголемени. Благодарение поголемите влезни и излезни агли, возилото може да помине и потешки терени. На располагање има два дизел мотори и еден бензински. Моторите се 20% поекономични во споредба со претходниот Octavia Scout модел.
Накратко, новата ŠKODA Octavia Scout ги поседува сите на вредности на новата Octavia – само што Scout е малку повеќе од автомобил”: најмногу простор во класата, максимална функционалност, практични и „Едноставно паметни” решенија, врвна безбедност и удобност, најнова технологија и непобедлив сооднос квалитет / цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП