2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали на работа подобро се сложуваме со мажите или жените?

Дали на работа подобро се сложуваме со мажите или жените?

mazizenirabota5468vs46

Неодамнешното истражување на Универзитетот во Квебек носи интересни резултати за колегијалноста на мажите и жените на работа – две жени на различни позиции во компанијата полошо ќе соработуваат отколку двајца мажи.

Сепак, кога се на иста позиција жените немаат таков проблем и можат да остварат подобра соработка. Покрај тоа, ова истражување ја потврди и претходната теорија дека жените од понизок хиерархиски ранг потешко соработуваат со оние од повисок ранг.

Од друга страна, мажите полесно ќе кажат што мислат, а жените ќе остават да се развие љубомора.

Истражувачите дојдоа до заклучок дека проблемот настанува кога една жена е помоќна од друга, а тоа укажува на недостаток на доверба на двете страни.

„Тоа значи дека талентираната и образована жена при доаѓањето во нов колектив ќе има помала поддршка отколку мажот“, изјави Бренсон. Во овој случај, како што стои во заклучокот, нема воопшто да и биде полесно дури и ако нејзиниот надреден е маж.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП