Моделите на „iPhone“ во светот не се прославени како евтини телефони, но овој ги поминува сите граници!
Цената му е 1 милион долари. Тој е изработен од 24-каратно злато и 700 индивидуални дијаманти.
Овој скапоцен смартфон е дело на лондонската компанија „Alchemist“.
Логото на „Apple“ е од 53 дијаманти. Копчето на уредот е од 24 -каратно злато и голем дијамант од два карати.
Процесот на изработка бил тежок и барал многу внимание, велат од куќата за избработка на скапоцен накит. Засега ќе бидат создадени само два вакви телефони.
Оние кои сакаат да си купат еден ваков примерок мора да се регистрираат на сајтовите: „the-million-dollar-iphone.com“ и „gold-alchemist.com“.