5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовите бежични слушалки на Sony

Новите бежични слушалки на Sony

sony slusalki

Дизајнирани се потполно нови, атрактивни „MDR-AS700BT“ бежични слушалки, кои овозможуваат и до девет часа непрекинато уживање во музиката.

Во компанијата „Sony“ се потрудиле да им се олесни на сите љубители на технологијата, на чија листа на секојденвни обврски подеднакво се застапени напорниот тренинг, комуникација со бизнис соработниците, но и слушањето музика. Со слушањето на потребите на сите оние кои уживаат во аткивниот стил на живот, дизајнирани се целосно нови, атрактивни „MDR-AS700BT“ бежични слушалки, кои овозможуваат и до девет часа непрекинато уживање во музиката.

Модерниот дизајн и беспрекорната функционалност се главни адути на овој нов уред на компанијата „Sony“. Овие стилизирани слушалки комбинираат флексибилност со високиот квалитет на звук, благодарејќи на импресивниот динамички драјвер од 30 mm.

Покрај тоа што се отпорни на вода, овие слушалки се дизајнирани за удобно да се прикачат на вратот на корисникот за цело време да бидат на место, дури и за време на напорните тренинзи. Исто така, благодарејќи на „NFC“ технологијата и „Bluetooth“ конекцијата, многу лесно може да се поврзат со смартфон или плеер.

Изгледа дека луѓето на компанијата „Sony“ мислеле на се, па така овие „MDR-AS700BT“ слушалки со вграден микрофон овозможуваат и многу едноставно да одговорите на телефонски повик или да се префрлите од една на друга телефонска линија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП