28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook ја купува компанијата Titan Aerospace?

Facebook ја купува компанијата Titan Aerospace?

titan aerospace

На интернет страната „TechCrunch“ се појави веста дека „Facebook“ се подготвува за уште едно купување.

Овој пат не станува збор за софтвер, туку за чист хардвер, т.е. соларни дронови со чија помош би донеле интернет на места каде што не постои можност за воведување на класичен начин. Специјалитет на соларните дронови е во тоа што еднаш кога ќе ги лансирате во воздух можат да останат и до пет години, и тоа на висина од 20 километри.

Според изворите на „TechCrunch“ се уште траат преговорите, а ако аквизицијата успешно помине, компанијата со нов сопственик би требало да изработи околу 11.000 дронови за проектот на „Facebook“ – „Internet.org“, со кои за почеток би ја покриле територијата на Африка.

Сумата која „Facebook“ ја нуди за компанијата „Titan Aerospace“, најверојатно изнесува 60 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП