9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПродолжува падот на персонални компјутери

Продолжува падот на персонални компјутери

kompjuteri pad23

Според резултатите од истражувањето на пазарот од компанијата „IDC“, испораката на персонални компјутери ќе продолжи да паѓа и во наредните неколку години.

Во својот најнов извештај „Worldwide Quarterly PC Tracker“, „IDC“ вели дека ги намалиле нивните очекувања за испораката на компјутери за оваа година за 2 процентни поени, а своите долгорочни очекувања за нешто помалку од еден процентен поен. Според најновите очекувања, испораката на персонални компјутери оваа година би требало да падне од минатогодишните 315,1 милиони на 295,9 милиони, односно на 291,7 милиони примероци до 2018-та година.

Минатата година испораката на компјутери забележа пад од 9,8%, што е нешто подобро од очекувањата на „IDC“ кои предвидуваа пад од 10,1%, но во „IDC“ сепак ги намалија своите очекувања за во иднина. Имено, се верува дека нешто подобрите резултати во минатата година се последица на краткотрајните трендови, како замената на компјутерите кои користат „Windows XP“. Исто така намалени се и очекувањата за пазарите во развој, поради нестабилната економска ситуација и се поголемата конкуренција од страна на паметните телефони и таблети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП