21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony продаде повеќе од 6 милиони примероци на PS4

Sony продаде повеќе од 6 милиони примероци на PS4

sony konzola ps4

Јапонскиот електронски гигант „Sony“ до почетокот на март оваа година продал повеќе од шест милиони играчки конзоли од новата генерација „PlayStation 4“, што е над очекувањата во компанијата.

Целта на оваа компанија беше да продаде околу пет милиони примероци од оваа играчка конзола за тековната фискална година која завршува на крајот на март.

Конзолата „PS4“ се појави на пазарот на 29-ти ноември и тоа во САД, Западна Европа и Азија, додека во Јапонија, поради посебното прилагодување на домашните клиенти, таа пристигна дури на 22-ри февруари оваа година.

Интересно е тоа што за само првите 24 часа од пуштањето во продажба, компанијата „Sony“ во САД продаде милиони примероци од конзолата „PlayStation 4“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП