3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini Huracan под рефлекторите на саемот во Женева

Lamborghini Huracan под рефлекторите на саемот во Женева

lambo huracan3

Најновиот модел на „Lamborghini“ денеска имаше официјална премиера на актуелниот женевски авто-саем.

Иако „Huracan“ имаше интернет презентација уште кон крајот на 2013-та година, ова е прв пат автомобилот да се појавува пред публика на некој од светските саеми.

lambo huracan4

На фабричките фотографии можевме да видиме дека станува збор за автомобил со современ дизајн во однос на претходниот модел „Gallardo“, но и дека не е нарушен препознатливиот стил на „Lamborghini“. Жолтиот примерок кој го краси штандот на овој производител во Женева, само ги потврдува првите впечатоци.

Предниот дел на „Huracan“, со новиот облик на фарови, спуштен нос и големи отвори за воздух, допринесуваат автомобилот да изгледа поагресивно во однос на својот претходник.

lambo huracan

Крилата се нагласени, а отворите за воздух пред задните тркала се помали и поставени пониско. Позади се истакнуваат модерно обликуваните стоп-светла, целосно променетиот дизајн на браникот и двата пара издувни цевки.

„Huracan“ доби 5.2-литарски „V10“ мотор кој испорачува 610 ks (448 kW) при 8.250 o/min, додека максималниот вртежен момент од 560 Nm е достапен на 6.500 o/min.

lambo huracan2

Aвтомобилот е тежок 1.422 kg и забрзува од 0 дo 100 km/h зa 3,2 секунди, а да ја достигне брзината од 200 km/h потребно му е 9,9 секунди. Максималната брзина изнесува 325 km/h.

Снагата на моторот се пренесува на сите 4 тркала со помош на автоматскиот менувач со двојно квачило, а возачот на располагање има три начини на возење, „Ѕtrada“, „Ѕport“ и „Сorsa“. „Huracan“ e стандардно опремен со керамички сопирачки.

lambo huracan1

Сите неопходни информации за текот на возењето се добиваат по пат на „TFT“ екран кој ја замени класичната инструмент табла.

Почетокот на продажбата и цената на „Lamborghini Huracan“ ќе бидат познати наскоро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП