27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗапочна 84-то издание на женевскиот авто-саем

Започна 84-то издание на женевскиот авто-саем

zeneva saem

Со првиот од двата прес дена, денеска во Женева беа отворени вратите на традиционалниот авто-саем. 84-то издание на саемот, што е меѓу петте најпрестижни во светот, оваа година собра над 250 изложувачи. Тие ќе презентираат повеќе од 100 светски и европски премиери.

Изложените возила се над 900 примероци. За прв пат во салата учествуваат производителите на спортски автомобили „Zenvo Automotive“ и „Ermini Automobili“, како и тунингмајсторите од „Klassen – Automobile“ и „Nimrod Performances“.

Штандовите на производителите на автомобили и додатоци за нив зазедоа површина од 110.000 квадратни метри во „Палекспо“. За денес и утре се акредитирани над 10.000 новинари кои можат да го посетат околу 65 прес-конференции.

zeneva saem1

По отворањето на вратите за пошироката публика на 6-ти март, пак, се очекуваат околу 700.000 посетители до 23-ти март.

Саемот во Женева собра над 100 светски и европски премиери.

Меѓу атракциите на салонот ќе е делот за електрични автомобили, лоцирана во центарот на сала 1 на „Палекспо“. Свои модели доставиле „БМВ“, „Цитроен“, „Мицубиши“ и „Рено“.

zeneva saem2

Автосалонот во Женева беше првиот, кој уште во 2009-та година направи специјален „зелен“ павилјон за повеќето еколошки возила кои ќе бидат претставени. Организаторите сметаат дека оваа година , моделите ќе бидат под 95 грама на километар јаглерод диоксид, просечна норма, која за Европа ќе биде задолжителна во 2021-та години, а такви се 7 % од сите изложени.

Во следните денови ќе ви претставиме некои од позначајните и поинтересните новитети кои ќе бидат презентирани на саемот во Женева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП