28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКолку ќе чини „најдобриот смартфон на светот“?

Колку ќе чини „најдобриот смартфон на светот“?

oneplus

Компанијата „OnePlus“ уште минатата година вети дека ќе произведе „совршен паметен телефон“ по неверојатно ниска цена.

Директорот на компанијата Пит Лау на мрежата Гугл + потврди дека новиот апарат ќе чини помалку од 500 долари и не станува збор за цена од „499 долари“.

Ветувањето е фантастично, ако се земе предвид дека компанијата најави користење на најдобрите компоненти и технички карактеристики познати од „палетата“ за 2014 година, во секој сегмент.

Тоа значи дека треба да се очекуваат врвни перформанси, но и соодветно квалитетен екран и камери на апаратот.

За софтверот би требало да се погрижи Андроид во CyanogenMod издание, што не претставува лош почеток на приказната.

Засега е познато само дека се достигнати конечните технички карактеристики, а прототипот се наоѓа во фаза на тестирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП