Поранешниот фудбалер на Тотенхем Њукасл и Арсенал, Сол Кембел изјави дека ќе бил репрезентативен капитен на Англија ако бил со светла боја на тенот.
– Бев одличен фудбалер и крајно професионално ги исполнував задачите и во клубовите и во репрезентацијата.
Имав став, карактер и се што беше потребно да бидам капитен, но имав и нешто друго, а тоа е погрешна боја на кожата.
Ако бев белец сигурно ќе ја добиев капитенската лента во репрезентацијата која во тоа време му беше доделена на Мајкл Овен, изјави Кембел.
40-годишниот поранешен фудбалер ги демантира гласините дека е хомосексуалец.
– Не е точно тоа што се зборува. Не сум геј, додаде поранешниот одбранбен англиски репрезентативец.
Кембел во дресот на „Гордиот Албион“ одиграл 73 натпревари и постигнал еден гол.