7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle Glass добива сериозна конкуренција во Ear Switch

Google Glass добива сериозна конкуренција во Ear Switch

usi switch

Новиот вид на преносен компјутер многу наликува на „Google Glass“, но за разлика од очилата, овој уред се носи на уво.

Научникот од универзитетот Хирошима Сити, Казуро Танигучи направи прототип на уред, кој се служи со инфрацрвени бранови за да детектира кога корисникот ја отвора и затвора устата. Тие движења се испраќаат до системот на уредот.

Танигучи, кој овој „Bluetooth“ уред го нарекува „Switch“, исто така го опреми со компас, барометар, звучник, микрофон, жироскоп, батерија и „GPS“ фунции, а во план е во иднина да има апликации, слични на оние за добивање за метежот во сообраќајот или упатство за подобра ориентација во просторот.

Во видео снимката која е поставена на официјалната страница, научникот покажува како „Ear Switch“ може да се користи во секојдневниот живот.

Покрај тоа што овозможува „hands free“ управување, Танигучи исто така верува дека неговиот сензор може да послужи како алат за следење на здравјето на корисникот.

Иако засега не постојат технички детали за „Ear Switch“, делува дека во еден момент би можел да се најде на пазарот, а се шпекулира дека тоа може да се случи веќе следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП