28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAygo го покажа своето ново лице

Aygo го покажа своето ново лице

toyota aygo lice1

Во пресрет на очекуваната премиера закажана на женевскиот авто-саем, „Toyota Aygo“ зa 2014-та го покажа своето ново лице. Првите фотографии откриваат дека автомобилот го задржа младешкиот дизајн.

Новиот „Aygo“ ќе биде лесно препознатлив благодарејќи на стилскиот елемент во форма на буквата „Х“, кој се простира од предниот носач на покривот, преку хаубата и маската на ладилникот и завршува на долниот раб на браникот.

Додека претходниот „Aygo“ беше многу сличен на првите генерации на моделите „Peugeot 107“ и „Citroen C1“, новата верзија визуелно во целост се разликува од сродните француски автомобили.

toyota aygo lice

Што се однесува до моторот, се очекува „Aygo“ зa 2014-та да ја дели палетата на погонски единици со моделите „Peugeot 108“ и „Citroen C1“.

На располагање најверојатно ќе биде 1.0-литарски трицилиндарски бензинец со 69 ks и помоќниот 1.2-литарски бензински мотор кој произведува 83 ks.

Повеќе технички детали и фотографии ќе бидат достапни по официјалната премиера на овој модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП