28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW најави премиера на моделот X4 (видео)

BMW најави премиера на моделот X4 (видео)

bmw x4 najava

Новиот „BMW“ кросовер, чија концептна верзија е прикажана на саемот за автомобили во Шангај 2013-та година, ќе биде претставен на 6-ти март, соопшти германскиот производител.

Иако оваа вест стигна само неколку дена пред почетокот на женевскиот авто-саем, „X4“ нема да биде изложен на штандот на „BMW“. Наместо тоа, баварската компанија одлучи за време на траењето на оваа манифестација да одржи интернет презентација на моделот „X4“, a првото појавување пред публика најверојатно ќе се случи во април на саемот за автомобили во Њујорк.

„BMW X4“ во основа е помала верзија на моделот „X6“. Автомобилот ја користи платформата од „BMW X3“, ќе биде со слични димензии, а ќе има нешто пониска, купе силуета. Погонските единици генерално ќе бидат превземени од палетата на мотори на моделот „X3“.

„X4“ ќе пристигне во продажните салони во втората половина на 2014-та година.

Погледнете го видеото со кое „BMW“ го најавува својот нов купе кросовер:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП