5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРекордни нарачки за Galaxy S5

Рекордни нарачки за Galaxy S5

galaxy s5 naracki

За само 48 часа откако ја отворија можноста за регистрација за купување на новиот смартфон на „Samsung“, кај американската филијала на „T-Mobile“ оваа можност ја искористиле повеќе од 100.000 корисници. Иако бројот на регистрации не гарантира и продажба на истиот број на уреди, во оваа телекомуникациска компанија сметаат дека оваа бројка е добар показател за голем интерес.

„„Galaxy S5“ би требало, според оваа рекордна бројка, да биде и голем продажен хит, објавил Мајк Сиеверт, директорот за маркетинг на споменатата компанија.

Во меѓувреме, неколку оператори ширум Европа, исто така овозможија нарачки за новиот предводник на „Samsung“, со најаван на датумот на неговото излегување, 11-ти април. По тој повод беа објавени и продажните цени на овој уред, а тие ќе се движат од 500 британски фунти за моделот 16 GB (кај британскиот оператор „Clove“), па се до 730 евра за ист таков модел на шпанскиот „Amazon“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП