6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАдидас: Први плетени копачки во светот

Адидас: Први плетени копачки во светот

1adidas-primeknit

Адидас е трети пат по ред официијален партнер на ФИФА кога станува збор за спортска опрема и како и обично, не престанува да не изненадува со иновации пред почетокот на Светското првенство во фудбал во Бразил.

Иновативниот производител на спортска опрема ја претстави најновата едиција на ,,Adidas Samba PrimeKnit” кој претставуваат првите плетени копачки во светот.

Кога станува збор за обувки, бараме три работи-комфор,стил и издржливост, а токму овие копачки се издвојуваат во сите области.  ,,Adidas Samba PrimeKnit” изгледаат одлично, но германскиот производител истакна дека копачките ќе бидат претставени со различни мотиви, знамето на државата, учесници, итн.

Копачките се изработени од специјално предиво, со два слоеви, а исто така се тестирани и на водоотпорност, така што слаб дожд нема да предизвика проблеми.

Ограничениот број на копачките ,,Adidas Samba PrimeKnit” би требало да се појави во продавниците на Адидас на 17 март.

adidas-kni

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП