2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМодуларните телефони стануваат реалност благодарејќи на Аra?

Модуларните телефони стануваат реалност благодарејќи на Аra?

ara telefoni

Модуларните паметни телефони би можеле да бидат следната голема работа благодарејќи на проектот на „Google“ – „Ara“.

Иако овој проект пред само неколку месеци беше само еден од многуте концепти на кои се работи, сепак се чини дека тој е многу блиску до реалноста, затоа што „Google“ ја закажа првата конференција за програмери на овој проект.

Судејќи според Пол Еременко од „Google“, целата е цена од 50 долари, иако, не треба веднаш да се ствара еуфорија. Проектот „Ara“ е модуларен смартфон, што значи дека потребно е корисникот да купи голем број на делови за да го направи таков како што тој посакува.

Во цената од 50 долари најверојатно ќе бидат вклучени куќиштето за смартфонот, екранот и „Wi-Fi“ и оваа верзија ќе се нарекува „grayphone“ (сив телефон). Корисниците тогаш ќе мораат да ги докупат останатите компоненти, како што е дисплејот, процесорот, камерата и итн.

Овие модули би требало да бидат достапни во сите нормални продавници, но крајната цел е посебна продавница слична на оние кои можат да се видат за гејминг системите како што се „PlayStation“ и „Xbox“.

Добра вест преставува и изјавата на Емеренко дека „целта е „Ara“ да биде одличен, а не профитабилен проект“, што значи дека неговата цена нема да биде насочена само кон богатите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП