Главните причини за тоа се лошите инвестиции, краткиот период во кој тие добиваат приходи, нивните најголеми забави и најскапи разводи. Мајк Тајсон , Ивандер Холифилд, Ален Ајверсон и Антоан Вокер заработиле над 100 милиони долари во кариерата и успеваат да потрошат поголем дел од овие пари. Кај други спортисти сепак милионите продолжуваат да се собираат и по крајот на нивната кариера. Но, некои од нив дури заработиле повеќе пари, отколку кога се натпреварувале.
Од „Forbes“ подготвија листа на 12-те најдобро платени пензионирани спортисти. Секој од нив заработил најмалку по 12 милиони долари во 2013-та година. Во оваа листа се вклучени спортисти од неколку спортови, а некои од нив се најдобри на сите времиња во својот спорт. Како извори на приходи од „Forbes“ ги вклучиле платите, рекламните договори, договорите за лиценцирање, држење на говори и посети на настани, дизајн на терени за голф и издавање на книги. Во ова рангирање не се вклучени инвестициските приходи. Еве ги и нив:
1. Мајкл Џордан.
Надоместоци за 2013-та година: 90 милиони долари.
Прекинал: 2003-та – Возраст: 51 година.
Сериозните приходи на Џордан доаѓаат претежно од марката на „Nike“ – „Jordan“, која во моментов има годишни приходи од околу 2 милијарди долари. Џордан добива дел од секој продаден пар патики, маица или шорцеви од брендот. Долгогодишните партнери „Gatorade“, „Hanes“, „Upper Deck“ и „Five Star Fragrances“, се уште му плаќаат затоа што е рекламно лице, како и „2K Sports“ и „Novant Health“. Џордан поседува 80 % од Шарлот Бобкетс. Тимот од НБА минатата година забележа добивка, откако во пет сезони имаше сериозни загуби.
2. Арнолд Палмер.
Надоместоци за 2013-та година: 40 милиони долари.
Прекинал: 2006-та – Возраст: 84 години.
Палмер го освои својот последен турнир од 62-те во „PGA“ во 1973-та година, но 2013-та година е најдобрата година во однос на приходите. Истоимениот бренд на пијалоци е бизнис вреден 200 милиони долари годишно и претставува речиси 25% од приходите на „AriZona Beverages“. Името Палмер се наоѓа на територијата на цела Азија. Тој има 400 продавници во Азија, кои го носат неговото име и продаваат облека и кожни производи.
3. Дејвид Бекам.
Надоместоци за 2013-та година: 37 милиони долари.
Прекинал: 2013-та – Возраст: 38 години.
Бекс ги закачи копачките минатата година, а негови сегашни спонзори му се „Coty“ и „H & M“. Минатата година тој склучи договори во Азија со компании како „Sands“, „China Auto Rental“ и Кинеската Супер лига. Најновиот потфат на Бекам е создавање на нов клуб од американската „MLS“ во Мајами.
4. Џек Никлаус.
Надоместоци за 2013-та година: 30 милиони долари.
Прекинал: 2005-та година – Возраст: 74 години.
Победникот на 18 од главните турнири во голфот го создава брендот „Nicklaus Design“ пред речиси 45 години. Оттогаш компанијата проектира над 380 голф терени во 36 земји и 39 американски држави, а самиот Никлаус учествувал во 290 од овие проекти. Во моментов компанијата работи на 55 проекти и повеќето од нив се во Азија.
5. Меџик Џонсон.
Надоместоци за 2013-та година: 22 милиони долари.
Прекинал: 1996-та година – Возраст: 54 години.
Петкратниот шампион во НБА заработил над 100 милиони долари од продажба во 2010-та година на 105 кафулиња „Starbucks“ и својот 4,5- процентен удел во Лос Анџелес Лејкерс. Џонсон продолжува да има удели во безбол тимот Лос Анџелес Доџерс и тимот од женската „НБА“, Лос Анџелес Спаркс. Освен спортот, бизнис империјата на Џонсон вклучува осигурување, здравство, храна услуги и друго.
6. Шекил О’Нил.
Надоместоци за 2013-та година: 20 милиони долари.
Прекинал: 2011-та година – Возраст: 41 години.
Шестиот најдобар реализатор во НБА го одржува својот бренд преку многуте следбеници во социјалните медиуми, меѓу кои 8 милиони луѓе на „Twitter“. Шек има рекламни договори со „IcyHot“, „Buick“ и слушалките „Monster“, како и лиценцни договори со „Macy’s“, „Zales“ и „AriZona Beverage Co“. Вкупно 100 милиони пара патики од неговата линија „Shaq/Dunkman“ се продадени во светот.
7. Гери Плеер.
Надоместоци за 2013-та година: 19 милиони долари.
Прекинал: 2009-та година – Возраст: 78 години.
Третиот член на големата тројка во голфот се откажа последен во 2009-та година. Тој се занимава со дизајнирање на терени за голф и во моментов неговата компанија работи над 40 проекти, а само два од нив се во САД. Меѓу спонзорите му се „Callaway“, „Rolex“ и „SAP“.
8. Вејн Грецки.
Надоместоци за 2013-та година: 17 милиони долари.
Прекинал: 1999-та година – Возраст: 53 години.
Грецки продолжува да е сериозно рекламно лице, претежно во Канада. Минатата година, на веќе постоечките рекламни договори со „TD“, „Samsung“, „Breitling“ и „Bigelow“, тој ги додаде „Fairfax Capital“ и „Upper Deck“. Тој исто така има бизнис со вино, кој исто така добро му работи. Минатата година Грецки доби 8 милиони долари од „NHL“ поради одложено плаќање на плата во времето кога играл за тимот на Феникс.
9. Грег Норман.
Надоместоци за 2013-та година: 16 милиони долари.
Прекинал: 2012-та година – Возраст: 59 години.
Норман не играл на професионален голф турнир од 2012-та година. Тој е познат како „Ајкулата“ и во кариерата освоил 91 турнир. Неговите деловни потфати вклучуваат вино, облека, очила, управување со средства и друго. Меѓу неговите спонзори се „Johnnie Walker“, „Omega“, „Sandals“, „Dow“, „Cobra Golf“, „Pacific Links“ и „Club Car“.
10. Пеле.
Надоместоци за 2013-та година: 15 милиони долари.
Прекинал: 1977-та година – Возраст: 73 години.
Иако ја прекинува кариерата пред речиси 40 години, минатата година Пеле беше избран за највлијателна бразилска славна личност. Тој има рекламни договори со „Procter & Gamble“, „Santander“, „Vivo“, „Volkswagen“, „Hublot“, „Carrefour“, „Subway“ и авиокомпанијата „Emirates“.
11. Сачин Тендулкар.
Надоместоци за 2013-та година: 13 милиони долари.
Прекинал: 2013-та година – Возраст: 40 години.
Индиската легенда во крикет се откажа од спортот во ноември по 24-годишна кариера, но продолжува да биде силно рекламно лице. „Adidas“, „Coca Cola“, „Future Group“, „Toshiba“, „Aviva India“ се меѓу споснорите на Тендулкар.
12. Роџер Стаубах.
Надоместоци за 2013-та година: 12 милиони долари.
Прекинал: 1979-та – Возраст: 72 години.
Стаубах создава компанија за недвижности во 1977-та година уште додека игра за Далас Каубојс. Компанијата е продадена на „Jones Lang Lasalle“ во 2008-та година за вкупно 640 милиони долари, кои се исплатени на рати. Стаубах поседувал 12% од компанијата, кога ја продал. Тој вложил половина од својот удел во доверителски фонд за своите деца. Минатата година била последната исплата на трансакција, која вклучува и дополнителни 36.9 милиони долари за тоа дека компанијата постигнува одредени цели. Приходите на Стаубах изнесуваат околу 4 милиони долари насочени кон доверителскиот фонд за неговите деца.