18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGionee Elfie е најтенкиот смартфон со дебелина од 5,5 mm

Gionee Elfie е најтенкиот смартфон со дебелина од 5,5 mm

tenok smartfon

Само неколку дена откога беше претставен во Кина, компанијата „Gionee“ на саемот во Барселона го претстави својот телефон „Elfie S5.5“. Станува збор за многу тенок уред со дебелина од 5,5 милиметри. Смартфонот визуелно малку потсетува на телефоните „Sony Xperia“, а алуминиумското куќиште изгледа прилично цврсто додека се држи во рака. Во впечатливот изглед помага и „Gorilla Glass 3“ за заштита на екранот и позадината на уредот.

Самиот уред доаѓа со „MediaTek“ процесорот со 1,7 GHz и осум јадра, а во него се вградени, 2 GB RAM, како и 16GB интерна меморија. Во смартфонот имаат вградено задна камера од 13, односно предна од 5 мегапиксели. Над сето тоа се наоѓа „AMOLED“ екран со дијагонала од 5 ични и „Full HD“ резолуција. Телефонот во март ќе започне да се продава во Кина, а цената ќе му биде околу 370 долари.

Како што истакнаа од компанијата, најверојатно смарфтонот ќе се најде во продажба и во Европа. Но се уште не е познато дали ќе го понудат самостално или ќе го понудат под името на некој од нивните партнери. „Gionee“ инаку веќе прави уреди и за „Fly“, „myPhone“ и други брендови.

Во телефонот е вграден оперативниот систем „AMIGO“, односно нивната преработка на „Android“ кој се темели на верзијата 4.2. Капацитетот на батеријата на овој уред е 2300 mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП