29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi испорача 15 милиони Mi2 телефони

Xiaomi испорача 15 милиони Mi2 телефони

hiamoi telefoni pro

Кинеската компанија „Xiaomi“ оствари рекордни резултати во испораката на својата „Mi2“ серија на уреди од средниот сегмент. „Mi 2“ серијата ги вклучува „Mi2“, „Mi2s“ и „Mi2a“ уредите.

Според податоците од компанија испорачани се повеќе од 15 милиони примероци од овие уреди. Тоа е многу повеќе од проценката на компанијата која ја даде во септември минатата година или 9,9 милиони „Mi2“ уреди. Како благодарност на корисниците, „Xiaomi“ одлучи да ја намали цената на своите уреди во Кина.

Па така „Mi2s“ уредот со 16 GB интегрирана меморија и 8 мегапикселна камера сега се продава околу 210 долари (претходно 280 долари). Верзијата со 32 GB простор и 13 мегапикселна камера ќе ја задржи старата цена од околу 290 евра. За споредба, моделот „Mi3“ со 16 GB, моментално има цена од околу 330 долари.

Конкурентската компанија „Meizu“ исто така ги намали цените своите уреди. Сега моделот „MX2 RE“ (refurbished edition) се продава за 210 долари, додека „MX2 Enhanced“ чини 260 долари.

Засега не е познато дали овие производители во скоро време ќе ги намалат цените и за заинтересираните купувачи надвор од Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП