5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВеќе можете да купите копија од Galaxy S5

Веќе можете да купите копија од Galaxy S5

kopija samsung s pet

Не сакате да чекате до април за да го купите „Galaxy S5“? Веќе сега можете да купите смартфон кој е скоро идентичен со најновиот премиум уред на „Samsung“.

„Goophone“, познатиот кинески производител на копии на смартфони веќе започна со продажба на телефон кој е скоро идентичен со „Galaxy S5“ и тоа по цена од само 299.99 долари.

„Goophone S5“ е скоро идентичен со „Galaxy S5“ од надвор со неколку мали разлики, екран со дијагонала од 5-инчи, наместо 5.1-инчи, иако двата уреди се со „Full HD“ дисплеј (1.920 x 1.080).

Меѓутоа, кога внатрешноста е во прашање, овие два уреди неможат повеќе да се споредуваат. Наместо 2.5GHz „quad core Snapdragon 801“ процесорот, „Goophone S5“ поседува 2GHz „octa core MediaTek“. Задната камера исто така е инфериорна и поседува 13 мегапиксели во споредба со 16-те колку што има „Galaxy S5“. Кога е во прашање оперативниот систем, тука е „Android 4.2 Jelly Bean“, а корисниците на располагање имаат и 32GB интерна меморија.

Ако се земе се во предвид, овој уред нема воопшто лоши перформанси. „Goohpone S5“ поседува спецификации кои се типични за минатогодишниот премиум смартфон.

Компанијата е позната по копирање на дизајнот на производителите на смартфони, па така во својата понуда го има и „Goophone i5S“, кој е идентична копија на „Apple iPhone“, но чини само 159.99 долари и работи на „Android 4.2“.

Оваа компанија може да работи без да биде казнета, само затоа што се наоѓа во Кина, и иако оваа земја има договор со САД за заштита на интелектуалната сопственост, властите вложуваат многу малку напори во спречување на копирањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП