2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуските медалисти ги добија премиите и плус Mercedes возило

Руските медалисти ги добија премиите и плус Mercedes возило

gold medalist rusia3

Русија им ги подарите премиите на своите медалисти од Зимските олимписки игри. Сите освојувачи на златниот медал добија по 120.000 долари, плус автомобил „Mercedes GL SUV“. Спортистите кои се закитија со сребрени медали добија по 76.000 долари и „Mercedes ML“, а бронзените освоија по 52.000 долари и „Mercedes GLK“.

Премиите беа поделени на церемонија во Москва лично од претседателот Владимир Путин, а присуствуваше и премиерот Дмитри Медведев. Вкупно беа доделени 45 возила.

gold medalist rusia

Спортистите си заминаа со нив дома, а за 15-годишната Јулија Липницкаја која се уште нема право да вози, беше обезбеден личен возач.

Русија заврши на прво место по освоени медали во Сочи со вкупно 33, од кои 13 златни.

gold medalist rusia1

Во 2012-та година руските спортисти кои освоија медали во Лондон добија автомобили од марката Ауди.

Во САД бонусите за спортистите се помали. За златен медал се добива 25.000 долари, за сребрен 15.000 долари, а за бронзениот 10.000 долари. Највисоки се бонусите во Казахстан – таму за златен медал беа ветени 250.000 долари, но ниту еден претставник на земјата не освои таков.

gold medalist rusia2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП