23 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСе ближи крајот на ерата на паметни телефони!

Се ближи крајот на ерата на паметни телефони!

pametni telefoni kraj

Паметните телефони и „гаџети“, како таблетите, се дел од секојдневието. Додека луѓето порано се забавуваа исклучиво со радиските уреди, телевизорите и слично, денеска сето тоа, па и повеќе од тоа, можно е да се смести во џеб. Сепак, аналитичката компанија „IDC“ тврди дека продажбата на паметни телефони драстично ќе се намали.

Стагнациајта или падот на растот се очекува веќе во оваа година, а ќе продолжи барем до 2018-та, истакнуваат аналитичарите. Истовремено ќе има и значителен пад на цените на уредите, затоа што целните пазари ќе бидат насочени на Кина и земјите во развој.

Годишниот раст во 2014-та година се очекува да биде ниво од 19,3 проценти, а до 2018-та нема повеќе да се говори за раст, туку за пад од 6,2 проценти, сметаат во „IDC“. Потсетуваме, во 2013-та година растот во продажбата на паметни телефони беше неверојатни 39,2 проценти, а смартфоните за прв пат ја надминаа границата од милијарда испорачани единици.

Во следните неколку години, растот во Европа и Северна Америка би требало да падне на едноцифрен процент, а Јапонија ќе биде првата земја која би можела да забележи пад во продажбата. За разлика од минатата година, 2014-та се гледа како пресвртна точка „од друга страна“. Додека е сосема јасно дека постојаниот раст е неодржив, многумина остана изненадени од брзината со која пазарите се во состојба да се менуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП